петок, април 15, 2005

Кон новото

Понекогаш посакувам
како змија да си ја соблечам кожата
и да продолжам без тебе.

понеделник, април 11, 2005

Тага

Во џебот имам слика,
во душата тага,
и срце уморно.

петок, април 08, 2005

Петок

Ми донесе глас, птица, ветер,
... што ли беше?
Ме разбуди, а не сакав будна да бидам.

недела, декември 12, 2004

Тоа лето

Беше желба. Неисполнета.
Сон на облакот, сон на тагата.
Летото порано заврши.

понеделник, ноември 08, 2004

Огледало

Во ноќта небо без ѕвезди.
Во очи солзи.
Месечината огледало, распарчено.